(ФОТО) Родителите трчале маратон со својот шестгодишен син, а луѓето им повикале социјална служба

„Детето изгледа тажно и исцрпено. Не можам да верувам што правите за лајкови”, „Ова е злоупотреба на деца – кратко и јасно. Како татко на дете, мојот стомак се превртува. Срам да ви е”, „Твојата приказната е вознемирувачка. Тој е премногу млад“, биле само дел од многуте критики за нив.

Набргу по фотографијата на нивниот шестгодишен син со чипс, следувала следната објава во која сега се вклучени и социјалните работници. Пред само неколку дена парот објавил фотографија.
„Во петокот, социјалните работници дојдоа во нашата куќа и ги испрашуваа нашите деца. Водачите на заедницата на тркачи веруваат дека трчањето маратон со деца е погрешно“, напишале тие.
Иако на почетокот биле критикувани за односот кон нивниот шестгодишен син, сега ситуацијата е малку поинаква. Повеќето од придружниците дале зборови на поддршка и охрабрување за брачниот пар Крафворд.
„Ви праќам прегратки“, „Жал ми е што ви се случува. Сакам да го следам вашето семејство во авантури“, „Што? Ова е се што не е во ред со нашиот систем“, „Секоја чест, деца! Колку повеќе се жалат, посигурно е дека ги правите работите како што треба“, биле само некои од позитивните коментари.



А што вели законот?
Според упатствата на Клиниката во Кливленд, децата до седум години треба да трчаат за забава од 1,5 до 3 километри. Децата на возраст од 8. до 12. години можат да учествуваат на трки до пет километри, а децата на возраст од 13. до 15. години можат безбедно да трчаат 10. километри или полумаратон. Децата кои наполниле 16., 17. и 18. години се препорачува да трчаат маратон.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …