Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно ќе биде прикажан детскиот филм „Луси гангстерката“.
Билети по цена од 100 денари може да се купат на билетарата на Центарот за култура два часа пред почеток на филмот.
Безгрижната, сакана Луси (10) решава да ограби банка. До пред неколку недели, таа не би ни претрчала преку улица. Но, машината за сладолед се расипа и без 30.000 евра тие ќе мора да ја затворат семејната сладоледџилница. Тоа барa екстремни мерки!Луси го наговара лошото момче од училиштето, Тристан (11) да ја тренира: Операцијата „Лусифер“ опфаќа различни дисциплини на лошите момчиња како што се крадење, лажење, мамење и поткупување. Тренингот на Луси е толку успешен што нејзината најдобра другарка Рима (10) повеќе не ја препознава – смртно е загрижена што би можела следно да направи новата гангстерка Луси…
Жанр: Детски фамилијарен филм
Година: 2022
Земја: Германија
Режисер: Тил Ендеман
Времетраење: 89 минути
Синхронизиран на македонски и албански јазик
Возрасна категорија: втора категорија, 8+