Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се одржи омилениот вело настан  на најмалите, но и возрасните – Вело Родео 2024.

На Вело Родео посетителите и најмладите велосипедисти ќе уживаат во Вело трка, бавна трка, баланс трка, правење еко експерименти, игри, ликовни работилници, музика, читање книги,  играње извиднички игри, многу забава, смеа и убав ден поминат во Градскиот парк.


За Вело трката потребно е децата да имаат свој велосипед и задолжителна опрема кацига. Учесниците без кацига нема да имаат можност да учествуваат на трките поради безбедносни причини.

За сите останатати активности потребно е само да дојдете со вашите деца и да уживате заедно на Вело Родео 2024.


Вело Родео е настан од отворен карактер, со присуство на настанот се согласувате да сте дел од видео и фото материјалите на Вело Родео. Секој учесник учествува на своја одговорност.

Настанот е дел од Re-Cycling проектот, ко-финансиран од Европска Унија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …