Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес
Среќата ја бараме цел живот, а швајцарскиот психијатар и психоаналитичар Карл Густав Јунг сметал дека 5 постулати се клучни за среќата.
Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес, а тој следните чекори ги сметал за клучни за да се постигне чувство на длабока среќа и задоволство.

Добро физичко и ментално здравје
Очигледно е тешко да се биде среќен кога сме болни, во болка или без допир со реалноста. Затоа треба секојдневно да внимаваме на благосостојбата, но и активно да работиме на тоа.


Добри лични и интимни односи
Овој фактор е делумно зависен од претходниот: без ментално здравје, добрите меѓучовечки односи може да бидат тешки, а хроничната физичка болка или болест може сериозно да го оптоварат семејството и блиските пријателства. Добро е познато дека долговечноста може да се зголеми ако уживаме во силни лични врски со другите.


Способност да се види убавината во уметноста и природата
Иако првите два фактори изгледаат очигледни, третиот можеби не е за повеќето од нас. Јунг јасно чувствувал дека за среќа во животот е важно да се има чувство за естетика, да може да се цени и вештачката и природната убавина. Според ова мислење, Јунг можеби се потпирал на неговата основа во античките класици, бидејќи Грците верувале дека убавината ја храни душата.

Разумен животен стандард и задоволителна работа
И’ животниот стандард и работата во голема мера зависат од разумноста на нечии очекувања и одговорности. Екстравагантноста може да предизвика среќа, но и несреќа, па затоа е неопходно да се биде разумен во очекувањата.


Филозофско или религиозно гледиште кое може успешно да се справи со каприците на животот
Јунг препознал дека сите луѓе имаат вроден рефлексен инстинкт кој служи за да обезбеди смисла и ориентација на животот. Оваа вродена човечка особина може да понуди и „правилен практичен морал“, кој е од суштинско значење ако сакаме конкретно да ги примениме нашите филозофски или религиозни идеи во секојдневниот живот.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тајната за младешки изглед оваа Нова година

Со приближувањето на Новата година, многумина од нас размислуваат за нашите рутини и размислуваат за …