(ВИДЕО+ФОТО) Враќањето на дивата – Селин Дион би можела да настапи на Олимпијадата во Париз: Волку би заработила само за една песна


Селин Дион треба да настапи на отворањето на Олимписките игри во Париз.
Пејачката во понеделникот пристигна во хотелот Royal Monceau во близина на Шанзелизе. Таму престојува и Лејди Гага, која треба да настапи заедно со Дион на отворањето на ОИ.
Извор за TMZ изјавил дека се очекува Селин да настапи и дека организаторите се подготвени да платат огромна сума за таа да отпее една песна. Имено, Селин за една песна на Олимписките игри би можела да заработи дури два милиони долари.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)


Селин претходно навести дека нејзиното враќање на сцената би можело да биде во Франција.
„Избрав да работам со целото тело и душа, од глава до пети, со мојот медицински тим. Сакам да бидам најдобра што можам. Целта ми е повторно да ја видам Ајфеловата кула”, изјавила пејачката во април.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Пејачката претходно настапуваше на Олимписките игри во Атланта во 1996 година, кога ја отпеа „Моќта на сонот“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

37 издание на Саем на книга во Скопје: Негување на книжевната култура и љубовта кон книгите

Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – …