„Титов Врв Скајрејс 2024“

Во недела, на 7 јули 2024 година, на Попова Шапка, со почеток во 8:00 часот, ќе се одржи високопланинската трка „Титов Врв Скајрејс 2024“.

„Титов Врв Скајрејс“ претставува екстремна високопланинска трка, со вкупна должина на патеката од 20 километри и висинска денивелација од 1.900 метри (искачување и спуштање). Според своите карактеристики, се дефинира како „скајранинг“ натпреварување, а теренот по кој минува е суров и на места каменест. Стартот и финишот на трката се на Попова Шапка на 1.750 мнв, а се искачуваат неколку врвови над 2.500 мнв. меѓу кои и највисокиот на Шар Планина, Титов Врв, со 2.747 мнв. Овој настан се одржува во континуитет од 2019-та година, со веќе реализирани пет успешни изданија, со присуство на домашни и странски натпреварувачи.


Оваа трка меѓу другото е и национално првенство и изборна трка од која се формира скајранинг репрезентацијата на Македонија.

“Титов Врв Скајрејс“ е многу повеќе од само спортски натпревар, настанот ги промовира природните и туристичките потенцијали на Национален парк Шар Планина, значењето на природата, планинарството и промоција на планинското трчање преку уживање на бесценети погледи на долините долж патеката.


Опис на патеката: Започнува од пред пансионот “Конак“ на Попова Шапка, се движи по ски- стазата “Церипашина“ до куќарката на крајот од жичарницата, а потоа, по планинарската патека оди до Антени (2.520 мнв). Од таму по гребенот (зимска патека) минува преку Казани, преку Карабунар и го искачува врвот Бакарадан (2.704 мнв) и Титов Врв (2.747 мнв). Враќањето назад е по истата рута, а финишот е пред пансионот “Конак“. Покрај постоечката планинарска маркација (црвено-бела) на оваа патека, од страна на организаторот се поставени и дополнителни црвено-бели ленти. На патеката има две контролни и три освежителни пунктови (Антени 2.520 мнв. и седлото помеѓу Бакардан и Титов Врв на 2.500 мнв., врвот Титов врв 2748 мнв.) каде има обучени контролори и волонтери. Помеѓу станици има и дополнителни волонтери кои шетаат низ патеката, бодрат а во случај на непредвидена ситуација се тука да пружат помош. Дополнително за безбедност на настанот е ангажиран спасителен тим и доктори.

Лимит за финиширање на трката е 7 часа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Не пуштила солза кога умрела Дијана, но тоа го направила во овие 2 ситуации: Зошто тогаш светот ја видел Елизабета како плаче?

Никој не можел да види солзи на лицето на кралицата, освен во овие две ситуации. …