Долгоочекуваниот „Deadpool & Wolverine“ постигна најниска оценка од критичарите во споредба со претходните филмови од популарната франшиза на акциониот лик Deadpool.
Иако според оценките на критичарите на Rotten Tomatoes постигнал значаен успех, овој филм не ги достигна височините од претходните филмови.Имено, според критичарите, „Deadpool & Wolverine“ има оцена од 80 отсто, додека првиот филм за Deadpool има оцена од 85 отсто, а второто продолжение 84 отсто. Но, бидејќи филмот беше премиерно прикажан денеска, се очекува процентот да се промени и „Deadpool & Wolverine“ да постигнат сличен успех.
Но, публиката е воодушевена од ова продолжение, па има висока оценка од 98 проценти на Rotten Tomatoes. Ова е и најдобрата оцена на публиката за популарната франшиза. Првиот филм за Deadpool постигна рејтинг од 90 проценти, додека второто продолжение имаше оценка од 85 проценти.
Според Variety, се предвидува дека филмот ќе има голем успех на бокс офисот, заработувајќи рекордни 160 до 170 милиони долари.
Заплетот на филмот започнува со тоа што Дедпул мора да најде начин да го спаси својот свет и му се обратил за помош на Логан, кој тагува и пие алкохол, откако тој самиот изгубил сè и нема желба повторно да биде Вулверин. Дедпул мора да го убеди да му помогне за да не исчезне трагично сè што сака.
За потсетување, режисер на третото продолжение е Шон Леви, а покрај Рајан Рејнолдс и Хју Џекмен, во филмот играат Морена Бакарин, Лесли Угамс, Ема Корин, Метју Мекфадиен и други.
Фото: Принтскрин/YouTube