Адвокат ги открил главните причини поради кои луѓето се разведуваат

Џејмс Секстон, адвокат од Њујорк, открил дека главните причини поради кои луѓето се разведуваат се неверството и парите.
Сепак, за време на гостувањето во подкастот „The Diary of a CEO“ (Дневникот на извршен директор) тој додал дека изневерувањето е само една од причините за разводот. Тој тврди дека недостатокот на секс најчесто доведува до неверство. Тој истакнал дека на жените им е важен квалитетот на сексот, додека на мажите поважен им е квантитетот.
„Ова се случува од истата причина што гледањето порнографија е попопуларно кај мажите отколку кај жените – мажите само сакаат да ја завршат работата“, рекол тој.


Тој продолжи да објасни како парите се тесно поврзани со моќта.
„Парите значат контрола, нови можности… Тоа значат многу работи. Парите се само валутата со која тргуваме, но има многу комплицирани работи поврзани со нив. Луѓето се нечесни кон себе и кон парите“, рекол тој.

За да се избегнат проблемите кои на крајот ќе доведат до развод, Секстон ги советува паровите навистина да обрнат внимание еден на друг.
На пример, тој ги советувал мажите да пишуваат љубовни пораки до своите сопруги за да ги потсетат зошто и колку ги сакаат.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнуваат Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул се ранохристијански светци кои се сметаат …