Музичко уживање – Конечно се знае кој ќе пее на отворањето на Олимписките игри во Париз, а има и една новост…

Конечно е потврдено дека Селин Дион, Лејди Гага и Аја Накамура ќе настапат вечерва на отворањето на Олимписките игри во Париз.
Има и една новост – публиката ќе ја забавува и „Гоџира“, првиот метал – бенд во историјата кој настапил на ова натпреварување.

Францускиот магазин La Parisiene објави дека Селин Дион и Лејди Гага ќе изведат песна од легендарната Едит Пјаф. Се претпоставува дека е „La Vie en Rose“. Накамура ќе ја изведе класиката на Шарл Азнавур во придружба на Републиканската гарда.


Селин се враќа по долга пауза поради битката со синдромот на вкочанета личност. Поради болест, таа беше принудена да ја откаже турнејата и се посвети на лекување.
RTL објави дека организаторите ги презеле сите мерки пејачката да се чувствува удобно на Олимписките игри во Париз.
„Гоџира“ е најпопуларниот француски метал бенд. Претходно настапуваа со „Металика“ и „Слипкнот“. На сцената ќе се појават повеќе француски музичари: Филип Катерин, Сероне, Марина Виоти, Софијан Парма и Жулиет Армане.


Фото:Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ НАУТ: Го забавуваат стареењето и се совршени за слабеење

Ви ги пренесуваме сите здравствени придобивки од наутот и како на најдобар начин да го …