„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го проследите концертот на Никола Мицевски насловен „New Era“.

По концертот во Македонската Филхармонија, проектот на Никола Мицевски “New Era” ќе можете да го видите и во малку поинтимно издание во Public Room.


Проектот “NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.

На овој концерт покрај Никола Мицевски и пријателите, ќе има и неколку специјални гости како изненадување.


Влезниците чинат 400 денари и истите можете да ги набавите на www.ticketx.mk/events/nikola-micevski

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Совети од психолог – Оваа едноставна техника ќе ви помогне да ги решите проблемите со партнерот

Решавањето на конфликтот во врската е често голем предизвик, но со едноставна техника, паровите ќе …