Фамилијарната комедија „Луси гангстерката“ синхронизирана на македонски и албански јазик во кината


Шарената фамилијарна комедија „Луси гангстерката“ во режија на Тил Ендеман, синхронизирана на македонски и албански јазик, втора недела се прикажува во киносалите во повеќе градови низ републиката. Филмот премиерно беше прикажан на 9ти мај, а од денеска повторно е на редовен репертоар во кината „Синеплекс“, „Милениум“  и „Киноверзум“ во Скопје како и во Кочани во Центарот за култура „Бели Мугри“.

На 18ти мај ќе се прикаже во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, во Битола во Центарот за култура и во Кинотека на Македонија.


Главен протагонист во филмот е 10-годишната Луси, која ја играат идентичните близначки Валерија Арнеман и Виолета Арнеман. Ова добро воспитано девојче решава да ограби банка оти нема друг начин како да ја спаси семејната продавница за сладолед. Луси го наговара лошото момче од училиштето, Тристан да ја тренира, а операцијата „Луцифер“ опфаќа различни дисциплини како што се крадење, лажење, мамење и мито. Луси ќе направи се за да го спаси бизнисот на своите родители – какви лудории може да очекувате од неа?

Филмот беше прикажан на најголемите фестивали за детски и фамилијарни филмови и ја освои наградата од детското жири на Филмскиот фестивал во Цирих во 2022 година.


Дистрибутер на филмот е „Катавеј“ од Скопје, а дистрибуцијата е помогната од German Films, како и од МЕДИА Креативна Европа преку меѓународниот проект KidSquare (Детско катче). Од крајот на месецов филмот ќе биде достапен онлајн на платформата cinesquare.net.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ИФФК „Браќа Манаки” со повик за учество во проектот „Кадар-на” (Her frame)- меѓународна програма за поголема присутност на жените во филмската индустрија

ИФФК „Браќа Манаки” како дел од проектот „Кадар-на” (анг. HER FRAME, во буквален превод „Нејзин …