Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024


Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои ќе настапат на фестивалот Pinkpop 2024.

Pinkpop фестивалот се одржува во најужниот дел од Холандија во местото Ландграф. Првото издание на Pinkpop фестивалот било одржано во далечната 1970 година, што го прави овој фестивал меѓу најстарите фестивали во Европа, а воедно според Гинисовата книга на рекорди, Pinkpop фестивал е најстариот континуирано организиран поп фестивал во светот.


Со своите 52 изданија досега фестивалот го посетиле повеќе од 2,9 милиони посетители и 988 уметници.

Листата на изведувачи на 53то издание, кое ќе се одржи на 21, 22 и 23 јуни 2024 година е импресивна. Како хедлајнери се најавени Ed Sheeran, Maneskin, Keane, Limp Bizkit, Nothing But Thieves, Sam Smith, Calvin Harris, Avril Lavigne, Anouk, Hozier, Yungblud, Greta Van Fleet и уште многу други.


Денес би сакале да се осврнеме на извонредниот британскиот бенд Keane.

Keane е англиски алтернативен рок бенд од Battle, Источен Сасекс, формиран во 1995 година. Бендот е составен од: Тим Рајс-Оксли – клавијатури, гитара, бас и придружни вокали; Ричард Хјуз – тапани и придружни вокали; Том Чаплин – водечки вокал, гитара и клавијатури; Џеси Квин – бас и придружни вокали.


Тим Рајс-Оксли и Доминик Скот ги пишуваа песните на бендот во текот на нивните рани години. Кога Скот замина во 2001 година, Рајс-Оксли стана главен композитор.

Keane има изобилен, мелодичен и целосно оркестриран звук со бавно до средно темпо кое потсетува на раната кариера на Елтон Џон, а дел од нивните песни беа споредувани со оние на Suede и Jeff Buckley.

Бендот постигна меѓународен успех со објавувањето на нивниот деби албум Hopes and Fears во 2004 година, кој се искачи на врвот на топ листите во Обединетото Кралство, освојувајќи ја Брит наградата во 2005 година за најдобар британски албум. Воедно ова беше вториот најпродаван албум во Обединетето Кралство во 2004 година. Нивниот втор албум, Under the Iron Sea, издаден во 2006 година, се најде на врвот на албумската топ-листа во Велика Британија и дебитираше на четвртото место на американскиот Билборд 200. Нивниот трет албум Perfect Symmetry беше објавен во октомври 2008 година, а нивниот EP Night Train беше објавен во мај 2010 година. Нивниот четврти студиски албум Strangeland беше издаден во мај 2012 година и се искачи на првото место на албумската топ-листата во Велика Британија. Keane во 2019 година го издадоа својот петти албум насловен Cause and Effect.

За сите среќници кои ќе присуствуваат на овогодинешното издание на Pinkpop, Keane е бендот кој мора да се види и слушне. Тие ќе настапат на првата фестивалска вечер на 21 јуни 2024 година.

Додека го чекаме нивниот настап слушнете ја прекрасната Somewhere Only We Know.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сатја Грабулоски направи јакна со ликот на Брајан Адамс – Канадскиот музичар ја доби по концертот во Скопје

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски, кој е познат по изработката на уникатни и оригинални патики за …