Татко го слушнал разговорот помеѓу новата сопруга и синот и ја откажал прославата на Денот на мајката

ЗДРАВИ граници се многу важни во романтичните и семејните односи. Ако ги нема, некој може да ни наштети, макар и ненамерно.
Тато, кој се претставува како Фред Вокер, на Редит проговорил за ситуацијата во која се нашол. Од првиот брак има 13-годишен син, кој е интровертен (со повлечен карактер). Неодамна случајно го слушнал разговорот помеѓу втората сопруга и синот, па решил да ја откаже прославата на Денот на мајката. Тогаш ситуацијата во семејството ескалирала.
„Вчера дојдов дома од работа за да ги договориме последните детали бидејќи планиравме да го прославиме Денот на мајката во ресторан, каде ќе го поканиме семејството на мојата сопруга. Кога влегов, ја слушнав сопругата како го прашува син ми дали може да ме убеди да остане дома и да не дојде со нас. Син ми ја прашува зошто, а таа му рекла дека поради неговото интровертно однесување и општествената неспособност на нејзиното семејство ќе му биде непријатно и дека на сите ќе им го расипе расположениетои“, појаснил па додал дека синот на маќеата се обидел да и вети дека ќе комуницира и ќе се дружи со сите, но таа му рекла дека тоа не го прифаќа.

This image has an empty alt attribute; its file name is tatko-so-sinovi.jpg
„На крајот пукна и му кажа дека таа всушност не му е мајка, па не сфаќа зошто сака да го прослави Денот на мајката со неа. Тогаш мојата поќерка дидаде некој коментар. Кога ме видоа, замолчеа. На син ми и поерката им реков да одат во нивните соби, а на сопругата дека прославата е откажана. Таа се обиде да се расправа и да ме убеди дека не сум го слушнал целиот разговор, но мојата одлука беше донесена“, продолжил тој.
Жената збеснала, па наутро ја зела ќерка си и работите и отишла кај родителите. Човекот се прашува дали другите мислат дека згрешил и речиси сите застанале на негова страна.
„Го браниш својот син, однесувањето на жена ти кон него е неприфатливо“, „Сигурен сум дека ова не е прв пат да се однесува вака со него“, „Жал ми е за син ти. Треба да разговараш сериозно со твојата сопруга. Ако не може да го третира како дел од семејството, време е да се разведете“, се дел од многуте коментари.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Акила

Светиот апостол Акила Еден од Седумдесеттемина апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена …