(ФОТО) По повод 80. роденден Џејн Фонда признала: „Мислев дека нема да доживеам 30. години и дека ќе умрам како зависничка“

Нејзиното детство го одбележала семејна тргедија. Нејзината мајка Френсис била болна од психичка болест и извршила самоубиство кога Џејн имала 12., а нејзиниот брат, глумецот Питер Фонда само 9. години. Џејн отсекогаш го идолизирала својот татко, актерската легенда Хенри Фонда, иако рекла дека емотивно бил многу ладна личност. Поради сето тоа во тинејџерските години била многу несигурна и осамена.


Со децении се борела со булимија, дури и во време кога доживеала невиден успех во Холивуд и освоила два Оскари. Денес сите тие грижи се далеку зад глумицата, активистка и пистелка. Во интервјуто за People го допрела и сето тоа што научила за животот и љубовта, па дури и за своите три брака – оној со режисерот Роџер Вадим, активистот Том Хајден и медискиот могул Тед Тарнер.


                                         Џејн Фонда со последниот сопруг Тед Тарнер

„Ако не се чувствуваш добро ниту сигурно бегај од таа врска“ ги советувала своите обожаватели и додала дека најмногу жали што не минала повеќе време со своите деца, додека растеле.
„Благодарна сум што станав подобра со стареењето – помалку сум критична и помалку осудувам, научив да простувам. Навистина се трудам да станам подобар човек“ заклучила Џејн Фонда.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …