(ФОТО) По повод 80. роденден Џејн Фонда признала: „Мислев дека нема да доживеам 30. години и дека ќе умрам како зависничка“

Во големо интервју кое го дала по повод 80. роденден, актерската легенда Џејн Фонда открила многу непознати детали за себе. Рекла дека жали што не минала повеќе време со своите деца, проговорила за пропаднатите бракови, но признала и’ дека никогаш не мислела дека ќе живее толку долго…

Таа е една од холивудските легенди, а на 21. декември го прославила 80. роденден. Во големо интервју за магазинот People,Џејн Фонда рекла дека едноставно е благодарна што е сеуште жива.
„Во младоста бев убедена дека нема да доживеам 30. години. Мислев дека нема долго да живеам и дека ќе умрам осамена и зависна од опијати. Не мислев дека ќе ги доживеам овие години и дека и понатаму ќе бидам активна и здрава и дека сеуште ќе работам. Среќна сум и благодарна поради тоа“ открила Џејн Фонда.


Morning. …. #janefonda

A post shared by @ hammerliz on


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …