Среќен роденден Бобан Бабунски !!!

Бобан Бабунски е роден во Скопје на 5 мај 1968 година. Тој е поранешен југословенски и македонски фудбалер, дефанзивец.

Бабунски се афирмираше во дресот на ФК Вардар од Скопје (1985-1992). Играше и за бугарскиот ЦСКА (1992-94), шпанска Леида (1994-97), јапонски тим Гамба Осака (1997-98), грчки АЕК (1998-99), шпански Логроњеш (1999-2000) и германски Кемницер (2000- 01). Кариерата ја заврши во скопски Работнички Кометал (2001-02).


Иако беше стандарден член на младинската репрезентација, тој не отпатува на Светското првенство во Чиле во 1987 година, кога Југославија стана светски шампион, поради несогласувања со клубот. За репрезентацијата на Југославија одигра два натпревари. Дебитираше на 4 септември 1991 година на пријателскиот натпревар против Шведска (3:4) во Стокхолм, а играше и на 30 октомври 1991 година на пријателскиот натпревар против Бразил (1:3) во Варшава.

По осамостојувањето на Македонија одигра 23 натпревари и постигна еден гол за македонската репрезентација.


По завршувањето на својата играчка кариера, тој беше помошник на селекторот Слободан Сантрач на клупата на македонската репрезентација во 2005 година, додека во 2006 година самостојно шест месеци ја извршуваше селекторската функција.

Среќен роденден Бобан, ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …