Земјата успорува: Во 2018. не очекуваат големи земјотреси!

Колку успорила Земјата можат да измерат само најчувствителните инструменти, но последиците се страшни…
Површината на Земјата годишно ја „протресуваат“ 15. силни земјотреси, оние со магнитуди од 7. по Рихтер па и појаки. Повремено, меѓутоа, се бележат поинтензивни периоди, кога годишно ќе се пребројат и 30. инна такви земјотреси. Во својот најнов заеднички научен труд стручњаци од Универзитетот Колорадо и од Универзитетот Монтана заклучиле дек причина за ваквите осцилации или барем една од причините се крие во периодите во кои Земјата ротира нешто поспоро од обично.
Станува збор за минијатурни промени во брзина на ротацијата, само по некоја милисекунда дневно. Но, бидејќи нашата планета во однос на нас е огромна и бидејќи во кората, посебно во кората се кријат огромни количества енергија, така млечките промени во ротацијата доведуваат до ослободување на огромни количества енергија. Тоа тогаш значи големи сеизмички удари, посебно во многу населените тропски подрачја, наведуваат научниците.
„Големите земјотреси се чини дека се глобално синхронизирани, и тоа така што се временски подредени во склад со своите особини, и дека се појавуваат како одговор на многу малечки промени во напрегањата“ се наведува во сижето на написот објавен во Geophysical Research Letters.Ваквата теза, неодамна, пред Geological Society of America ја претставиле Роџер Билхам и Ребек Бендик. Тогаш навеле дека нашата планета (и на сите нас кои по неа се движиме) од следната година ни претстои петгодишен период со зголемени сеизмички активности.
Механизмите кои тие ги опишуваат се сведуваат на сеопштиот факт дека Земјата не е хомогена, туку дека се состои од различни материјали: прво атмосфера, потоа кора, па слој, потоа течни надворешни и потоа крути внатрешни јадра. Покрај сето тоа и самата кора се состои од различни делови. Па, кога ќе се случи промена на ротацијата, базичната физика вели дека едноставно мора да дојде до прилагодување на ротацијата односно аголниот момент на секој поедин дел во однос на положбата во нашата планета.
Земјата во периодот на нешто поспори ротации влегла пред четири години, наведуваат научниците и предвидуваат дека во 2018. би можеле да очекуваме најмалку 20. јаки земјотреси. Но, не е тоа единствената невоља која и се заканува на Земјата. Како една од можните причини на засилените и зачестените земјотреси, па и вулкани, научниците последните години се’ почесто ги наведуваат и климатските промени.
Поради се’ поголемите концентрации на стакленичките плинови во атмосферата, во прв ред ЦО2 од јагленот, нафтата и плинот, атмосферата се загрева,глечерите се топат како и ледените покриви на половите. Во моментот кога огромните истопени маси ќе станат така критични што притисокот на местата на кои илјадници години почивале ледени маси, повеќе не ги спречува притисоците од длабочината на кората да се пробијат на површина на Земјата, може да се очекува да дојде до земјотреси. Или вулкани.
Поедини геолози, пак, на пример, веќе низа години сериозно сметаат дека геолошки гледано во „недамнешното минато“ можеби дури дошло и до драстично менување на оската на Земјата или дури лизгање на комплетната кора на Земјата, а се’ поради – релативно нагло таложење на ледената прекривка во Северна Америка поради настапување на последното ледено доба кои со својата маса го пореметиле начинот на кој Земјата до тогаш ротирала.
Некои дури сметаат дека сеќавањето на катаклизмичкиот настан со страшни земјотреси, вулкани и цунами кои во таков случај би следеле, преживеал во комплетната свест на човештвото, можеби и во раскажувањето, се’ до денес како низа митови како оној изолираниот за големиот потоп. Или дури и за митската Атлантида.

Превземено од express.hr


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …