Среќен роденден Ѓокица Лукаревски !!!

Ѓокица Лукаревски е роден во Скопје на 29 април 1951година. Тој е македонски глумец, познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации.

Една година по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, во 1977 година во класата на проф. Илија Џувалековски се вработил во Драмски театар – Скопје. Со својата длабока доживувана глумечка интерпретација Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави каде толкува главни и споредни улоги.


Добитник е на бројни награди и признанија;

  • Главната глумечка награда на Меѓународниот театарски фестивал на детски претстрави во Котор – Црна Гора.
  • Награда за најдобро глумечко остварување Војдан Чернодрински (1984)
  • Прв добитник е на Наградата за најдобра епизодна улога „Димче Трајковски“ што се доделува на традиционалната смотра на професионалните театри во Прилеп.
  • Награда за најпопуларно ТВ-лице на годината на “Екран” (1995)
  • Награда за најпопуларно ТВ-лице според списанието “Вечер” (1996)
  • Награда за најдобра улога на фестивалот во “Котор” (2010)
  • Награда за животно дело Анче Џамбазова (2020)[4]
  • Награда за животно дело на фестивалот “Гола месечина” (2020).
  • Награда за животно дело “Свети Јоаким Осоговски” (2021).
  • Орден за заслуги за Македонија” (2024).

Среќен роденден Ѓокица ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

FAME’S Institute Unplugged Session во КОТУР

Ве покануваме на петтото издание на FAME’S Institute Unplugged сесиите, денес со почеток во 20:00 …