Денес се сеќаваме на нашиот истакнат уметник и професор Ристо Калчевски – еден од најзначајните претставници на апстрактното сликарство

Ристо Калчевски е роден на 29 април 1933 година во Прилеп. Тој беше исакнат македонски сликар и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, најкарактеристичен претставник на апстрактното сликарство. Акцентот на неговите платна го става на густата текстура. Најголемиот број дела од раната фаза реферираат на некакви урбани фрагментирани пејзажи, перципирани од аеро-перспектива. Делата од подоцнежната фаза, кои се речиси монохромно обоени, индицираат на внатрешната флуктуација на енергијата на сликарската материја.

Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1953 година. Членувал во групата Мугри. Самостојно излагал во Скопје, Љубљана, Париз и Крањ.


Уште во најраните слики се јавуваат асоцијативни елементи („Фигури во зелено“, 1959), кои подоцна преминуваат во наполно нефигуративни претстави („Пареа“, 1961). Кон крајот на шеесеттите внесува во делото несликарски материјали со ненаметлив геометризам, ослободувајќи го патот на сликата кон објектот. Последните дела, инспирирани како и претходните од македонското културно и географско поднебје, содржат повесел колорит и понагласена раздвиженост.

Во 1969 година ја добил наградата „11 октомври“.


Починал на 7 август 1989 годин во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на MIYATTA на јубилејното издание на Скопскиот Градски Фестивал

Јубилејно петтто издание на Скопски Градски фестивал, продолжува со возбудлива и исклучително квалитетна програма. Вечерва …