Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски филмски, театарски и телевизиски глумец и режисер.
Од октомври 1945 година станал член на Македонскиот народен театар, каде што, со прекини, поминал 32 години професионален ангажман. Дел од уметничката кариера ја поминал и во Драмскиот театар. Во 1965 година ја добил наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје. Потоа следувале награда за најдобро глумечко остварување на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ за улогата на Тате во претставата „Макавејските празници“ (Прилеп, 1983); Награда за животно дело на МТФ Војдан Чернодрински (Прилеп, 1996).
Остварил огромен број на улоги, а најпознат е по улогите во:
Фросина
Македонска крвава свадба
Денови на искушение
Бог да ги убие шпионите
Трст виа Скопје
Републиката во пламен
Починал во Скопје на 11 мај 2003 година.