Концерт на MIYATTA на јубилејното издание на Скопскиот Градски Фестивал


Јубилејно петтто издание на Скопски Градски фестивал, продолжува со возбудлива и исклучително квалитетна програма. Вечерва во малата сала на Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе може да уживате во концертот на MIYATTA.

MIYATTA (Наташа Мијат Крстевска) е уникатна појава на македонската музичка сцена, како со препознатливиот музички израз, така и со оригиналните, театрални сценски настапи. Кантавтор, со ангажирани текстови и умешно интегрирање на различни форми во својата музика, најблиската споредба со име од светската музичка сцена би била Kate Bush. MIYATTA има издадено два албуми, новиот насловен „Вида„ се појави оваа година и наидува на одлични реакции кај балканската музичка критика.


Билетите по цена од 800 денари можете да ги набавите онлајн на следниот линк: bileti.mk/e/miyatta

Се гледаме на концерт!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Одбележување на 23 април – Светскиот ден на книгата и авторското право

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, денес, со почеток во 12:00 часот, ќе биде …