Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува на бесплатна проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски, вечерва во киното Фросина во МКЦ со почеток во 20:00 часот.

Ни претставува чест да го одбележиме Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија #IDAHOBIT со филмската приказна на Столевски која се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале, се вели во објавата од организаторот.


Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно.

Режисер: Горан Столевски
Каст: Анамариа Маринка, Алина Сербан, Самсон Селим, Владимир Тинтор, Миа Мустафа, Џада Селим, Сара Климоска, Розафа Целај, Ајше Усеини
Година: 2023
Земји: Северна Македонија, Полска , Хрватска, Србија, Косово
Категорија: Петта категорија – филмови што не се препорачуваат за публика под 18 години


Сценарист и монтажер: Горан Столевски
Директор на фотографија: Наум Доксевски
Сценограф: Ана Жежничек
Костимограф: Роза Трајческа Ристовска
Дизајнер на звук: Ема Бортињон
Композитори: Ален Синкауз, Ненад Синкауз
Снимател на тон: Зоран Максимовиќ

Продуценти: Марија Димитрова, Клаудија Шмиеја-Ростворовска, Анкица Јуриќ Тилиќ, Беата Жежничек, Милан Стојановиќ, Блерта Башоли
Ко-продуценти: Кристина Берјесон, Џонас Келагер, Кристина Сејтон, Сем Џенингс
Извршни продуценти: Тим Хедингтон, Лиа Буман, Ана Лоча, Марчин Луцај, Јан Нашевски


Во продукција на: Лист Продукција (Северна Македонија), Мадантс (Полска), Кинорама (Хрватска), Сенс Продукција (Србија), Индустриа Филм (Косово)
Во копродукција со: Филм-и-Васт и Комон Граунд Пикчерс (Шведска), Козаверј Филм и Аделаида Филм Фестивал (Австралија)
Во асоцијација со: Танго (Америка), Ну Јуроп Филм Сејлс (Полска), Аделаида филм фестивал (Австралија)
Продажни агенти: New Europa Film Sales – Ну Јуроп Филм Сејлс (Полска)

Проекцијата е во рамки на проектот „Пристап до правда и човекови права“ поддржан од USAID North Macedonia, имплементиран од Коалиција МАРГИНИ, а во партнерство со HERA, Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights и Association for Educational Development – Ekvalis / Еквалис.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …