Април ќе го испратиме со стабилно, суво, сончево и пролетно топло време

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Април месец ќе го испратиме со стабилно, суво, сончево и пролетно топло време. Сепак ќе има и појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.


Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во Скопје и околината исто така ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурата ќе се искачи до околу 26-27 степени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈАВА ЗА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: За време на викендот температурите ќе надминат 30 степени, но стабилно ќе биде само во петок и во сабота, потоа невреме

Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на …