Вечерва во фоајето на НУЦК „Трајко Прокопиев” во Куманово со почеток од 20:00 часот, циклусот настани „ВО ФОКУС” ќе биде отворен со Александра Илиева, млада писателка и поетеса. Настанот е во организација на Книжевен клуб – Куманово.
Присутните ќе може да присуствуваат на едно интересно книжевно рандеву каде ќе се запознаат со Александра и нејзиното творештво, а и ќе се дискутира на најразлични теми.
Модератори на настанот: Андријана Ѓорѓевска и Андреј Анѓеловиќ