Новиот Samsung Galaxy A55 5G и неговите извонредни перформанси!

Со телефонот Galaxy A55 5G од последната Galaxy линија која Samsung неодамна ја претстави, уште повеќе корисници да можат да уживаат во врвните технолошки достигувања од исклучителните можности за фотографирање до најнапредни безбедносни карактеристки.


Galaxy A55 5G го добиваме со извонредни функции на системот од камери, како што се оптичката стабилизација на слика (OIS) и видео дигитална стабилизација на слика (VDIS) кои обезбедуваат остри и стабилни снимки во секое време. Екранот Super AMOLED ја прикажува сликата во Full HD со неверојатна јасност и живописни бои, додека пак технологијата Vision Booster дополнително гарантира дека екранот е јасен и осветлен при секакви надворешни услови, што дополнително го подобрува искуството на гледање. Подобрената динамична функција Nightography, овозможува ноќните фотографии да достигнат нови димензии кога станува збор за нивниот квалитет, без оглед во какви услови на осветлување сликаме или снимаме. Напредната обработка на сигналот на сликата со вештачка интелигенција дава неверојатни резултати дури и во најтемно опкружување кога сликаме со Galaxy A55 5G.

Со телеонот Galaxy A55 5G ќе бидете „раат“ кога се работи за ажурирњата на интерфејсот, бидејќи благодарение на посветеноста на Samsung да овозможи долготрајност на своите уреди, овој телефон поддржува до 4 генерации на надградба на Android и One UI, како и пет години безбедносни ажурирања. Ова значи дека уредот ќе  биде безбеден, надграден и ажуриран со најновите карактеристики на Galaxy и Android, со оптимизиран животен циклус кој придонесува за долготрајност.


Иако серијата Galaxy A припаѓа на средната класа телефони, сепак кај Galaxy A55 5G за прв пат е вклучено безбедносното решение  Samsung Knox Vault (Knox Trezor) кое досега го гледавме само кај телефоните од премиум класата. Ова е можеби најистакнатата карактеристика кај овие два уреди овозможена од безбедносна платформа базирана на хардвер која штити од неовластен пристап, нуди сеопфатна заштита што им овозможува на корисниците на серијата Galaxy A да уживаат во исклучително мобилно искуство без да се грижат за своите чувствителни податоци кои ги внесуваат во уредот.


Беспрекорна поврзаност во Galaxy екосистемот

Како дел од поширокиот екосистем на Samsung Galaxy, новиот паметен телефон Galaxy A55 5G овозможув беспрекорно и интегрирано искуство помеѓу различни Galaxy уреди. Покрај можноста за поврзување со вашите Galaxy слушалки или паметен часовник, тука е фантастичната можност да го поврзете вашиот Galaxy A55 5G со новата фитнес нараквица Galaxy Fit3 која е многу актуелна во моментов, не само како нов уред за вашиот зглоб од Samsung, туку и како фантастичен асистент за вашето здравје кој ќе ве поттикнува да останете активни и да се гружите за вашето здравје. Со фантастична батерија која трае до фантастични 13 дена со едно полнење, оваа нараквица од вашиот зглоб може да следи над 100 тренинзи, дневни активности, но и вашето спиење. Дополнително можете да репродуцирате музика, да проверувате повици и да праќате СМС. Штом ја почувствувате моќта на поврзаноста на Galaxy екосистемот, уште повеќе ќе ги забележувате сите придобивки, не само како поддршка за вашето здравје, туку и во секојдневното модерно живеење.

Бонус придобивка за секој нов купен Galaxy A55 5G

Искористете ја промотивната понуда која е во тек и добијте бесплатна услуга  Microsoft 365 Basic во времетраење од 6 месеци, како 100 GB простор за складирање на облак. Со секој нов купен уред ќе добиете и безбедна е-пошта без реклами и пристап до поддршка од Microsoft. Повеќе за оваа промоција прочитајте тука.

Повеќе информации за производите прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a55-5g-awesome-lilac-256gb-sm-a556blvceuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-fit/galaxy-fit3-silver-bt-sm-r390nzsaeuc/

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на истакнатиот македонски историчар на уметност и публицист Димитар Ќорнаков

Проф. д-р. Димитар Ќорнаков е роден во 1927 година во Стојаково, Гевгелиско. Тој беше македонски …