Конференција „Стратегии во уметноста”

Почнува петнаесетта сезона на „Креативен викенд” со конференцијата „Стратегии во уметноста”. На 15 мај во 19 часот, во „Котур”, ќе биде најавена петнаесеттата сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд” во Лазарополе. Исто така, ќе бидат најавени и учесниците и програмата на првиот настан во оваа сезона, конференцијата насловена „Стратегии во уметноста”.

Целите на оваа конференција се да се види кој со што придонесува за уметничката сцена, да се укаже на слабостите и можните решенија, да се проговори за тоа што недостасува, и како би можела да се подобри инфраструктурата којашто им овозможува на уметниците подобар амбиент за нивното творење и поддршка на промоција на нивните дела во Македонија и надвор од неа.


Учесниците на оваа конференција творат комбинација на искуство и младост. Своите аргументи и идеи ќе ги споделат професорите и предавачите од Филолошки факултет, ФДУ, и ФЛУ, како и нивните студенти; издавачи со реноме како „Темплум”, но и нови како „Илика”, музичари со многу отсвирени концерти, како Филип Букуршлиев и Добрила и Дориан, но и талентираните „Алембик”, „Local Blue” и „Намуз” (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски). Друга битна карактеристика на содржината на програмата е присуството на независни и самоодржливи колективи, како што се „Партизанска штампа”, КСП Центар „Јадро” и „Кула”, од една, и претставници на институции и здруженија како ДЛУМ, Национална галерија, МСУ, Кинотека, Фото сојуз на Македонија, од друга страна. Покрај тоа, ќе стане збор и за новите простори како „Лабораториум”, „Аудиокултура” и други.

За своите искуства ќе нѐ информираат претставниците и учесниците на фестивалите „Стрип-трип”, „Графити фест”, Флип бук” и „Македокс”, фестивалот за фотографија „Зрно”, фестивалот Синестетика”, театарот „Сенки и облаци”, и колективите „Гола планина”, „Отров” и „Аксиома”. И покрај толку сеопфатна програма, сепак недостигаат танцот, дизајнот, модата… Следната година и овие области ќе бидат вклучени во дискусијата за создавање на подобри стратегии во уметноста.


Програмата ќе се одржува од 15 до 22 мај во „Котур”, „Илика”, СЦ „Дуња”, „Ла Кања”, „Монтажна галерија”, „Буква”, „Бруталиск” и „P INN” (Стара скопска чаршија). Првата и последната вечер ќе бидат зачинети со диџеј сесии на Балтик и Александар Ордев во „Котур” и Теа Шалдева и Андреа Салпе во „P INN”.

Пред 15 години ( 2010 -2024) во селото Лазарополе е основана неформалната уметничка резиденција ,,Креативен викенд” која ги отвори вратите за уметниците и стана пример за мултимедијална рурална уметничка резиденција. Главната идеја на оваа резиденција е да обезбеди комуникација помеѓу уметниците и да им овозможи да творат во природна и рурална средина со релаксирачки амбиент, со акцент на импровизација и експериментирање на уметничките форми.


,,Креативен викенд” е културно-уметничка платформа за комуникација и соработка помеѓу уметниците од македонската сцена и уметниците од странските уметнички сцени и се одржува во уметничката резиденција во село Лазарополе, во периодот од мај до октомври. „Креативен викенд” беше дом на познати уметници од Македонија, но и од Германија, Италија, Франција, Јапонија, Бразил, Шведска, Холандија, САД, Шпанија, Мексико, Австрија, Велика Британија, Полска, како и од земјите од регионот.

Програма за конференцијата „Стратегии во уметноста”:

15 мај, 2024, 19 часот во „Котур”
• Најава на 15-та сезона на „Креативен викенд”
(Владимир Мартиновски, Тони Димитров, Јован Ламбески, Живко Грозданоски, Сали Ертунц, Елена Пренџова)
Промо парти со Александар Ордев и Балтик

 

16 мај, 2024, 17 часот, кафе-книжарница „Илика”
• Книжевност и театар
Книжевност: Никола Гелевски (Темплум) , Лидија Капушевска-Дракулевска(Катедра за ОКК), Наташа Атанасова (Блен), Катерина Шекутковска (Илика), Александра Јуруковска (библиотека „Браќа Миладиновци”)
Театар: Зоја Бузалковска (ФДУ), Катерина Стефановска (Театар Сенки и облаци), Милош Андоновски, Бојан Трифуновски, Виктор Велевски
Концерти: Пијан Славеј
Јоана Ристеска

 

17 мај, 2024, 19 часот, СЦ „Дуња”
• Сито штампа, стрип и графити
Билјана Димитрова (Партизанска штампа), Ивана Мирчевска и Наташа Неделкова (Кула), Ѓорѓи Митревски (Еко свест, Партизанска штампа), Никола Темков (Стрип-трип), Младен Трендевски (Графити фест), Васко Цацаноски (СЦ Дуња), Билјана Кочоска, Јан Станков (јapan@mk)
Концерт на The Local Blue

 

18 мај, 2024, 20 часот, „Ла Кања”
• Музика и илустрации (на музички изданија од Аксиома и Шарла)
Вангел Ноневски (Аксиома), Виктор Танасковски (Синестетика), Марко Печеновиќ и Мартин Џорлев (Гола планина), Јоана Ристеска (Канал 103), Никола Николовски и Васил Јорданов (Отров)
Концерт на Намуз (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски)

 

19 мај, 2024, 17 часот, Монтажна галерија
• Инсталации, скулптури и архитектонски елементи (во амбиент на природа)
Анита Ивковиќ, Никола Узуновски, Филип Јовановски, Тома Димовски, Стеф Јакимовски, Доротеј Нешовски, Теа Дамјановска, Озбек Ајваз, Иво Лазароски (Архрид)
Концерт на Алембик

 

20 мај, 2024, 18 часот, кафе-книжарница „Буква”
• Филм и фотографија
Филм: Јане Алтипармаков, Иван Ивановски, Алек Василевски (Кинотека), Игор Иванов Изи, Дарко Набаков (Македокс), Жарко Иванов (Флип бук), Ана Василевска
Фотографија: Кирил Штрков, Зденко Петровски, Тоше Јанев, Дејан Колевски, Димитар Апостолов, Искра Трајчева, Јелена Белиќ
Концерт: Аксиотомик + lXgram + Добрила

 

21 мај, 2024, 17 часот, „Бруталиск”
• Институции, здруженија и простори
Институции и здруженија: Ана Франговска (Национална галерија, АИКА), Јана Манева-Чуповска (ДЛУМ), Владимир Јанчевски (МСУ), Ѓорѓе Јовановиќ (Јадро), Миле Ничевски
Простори: Марко Ковачевски и Никола Наумоски (Бруталиск), Јана Павловска, Искра Илиеска, Калина Дуковска (Лабораториум), Дарко Јовчевски (Котур), Веселин Теохаров (Аудиокултура)
Концерт на Филип Букуршлиев

 

22 мај, 2024, 20 часот, „P INN” (Стара скопска чаршија)
• Медиуми и настани
Сотир Трајков (Телма), Љупчо Јолевски (екс Радио Слободна Евопа), Тома Димовки (Канал 103), Биљана Стојановска (Нова Македонија), Бојан Шашевски (Радио МОФ), Елена Митреска (Окно), Весна Илиевска (умно.мк), Ана Чушкова (Дива лига), Артан Садиу (КРИК – фестивал за критичка култура, Контрапункт, Андреј Медиќ (Култура Бета, Филозофски филмски фестивал, Скопски поетски фестивал, Поетска епизода, Клинци)
Диџеј сесии на Теа Шалдева и Андреа Салпе

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на романот „Победникот беше таа“ од Викторија Костадиновска

Вечерва во Збор Книжарница-кафе во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовиран првиот …