„ПАОЛО РОСИ – ЗЛАТНОТО МОМЧЕ И ЛЕГЕНДИТЕ НА ФУДБАЛОТ“ изложба посветена на херојот на фудбалскиот Мундијал што го освои Италија во 1982 година

Во мултимедијалниот центар Мала станица, отворена e изложбата „ПАОЛО РОСИ – ЗЛАТНОТО МОМЧЕ И ЛЕГЕНДИТЕ НА ФУДБАЛОТ“ – посветена на херојот на фудбалскиот Мундијал што го освои Италија во 1982 година, но и на многу други меѓународни шампиони на сите времиња – реализирана благодарение на главниот спонзор Trim & Lum, со поддршка на Амбасадата на Италија вo Македонија, Италијанскиот културен институт во Белград и ФФМ.

Изложбата ќе биде достапна за публиката заклучно со 21 април 2024 година и има слободен влез.


Животот и кариерата на Паоло се проследени преку фотографии, монитори и уникатни артефакти, вклучувајќи ги и најважните трофеи на овој голем шампион: Златната топка што му ја додели списанието France Football во 1982 година, Златната копачка за најдобар стрелец и Златната топка како најдобар играч на Светското првенство во Шпанија 1982 година, дресот што го носеше на финалето на тој Мундијал, како и копачките со кои тој го постигна хет-трикот против Бразил (подвиг кој сè уште е ненадминат).

На изложбата може да се видат и бројни други уникатни предмети, како дресот што го носеше Лионел Меси во финалето на Светското првенство во Катар во 2022 година и една од официјалните топки од тој натпревар. Благодарение на Музејот на ФИФА и некои од најважните колекционери во светот, изложени се и копачки, дресови, тренерки, топки, фотографии, документи, награди и медали кои им припаѓаат на најголемите легенди на светскиот фудбал, вклучувајќи ги и дресовите на сите 47 освојувачи на златни фудбалски топки од 1956 година до денес.


Галеријата работи од вторник до недела, од 10-18 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …