Драмскиот Театар од Скопје ќе ја доделува наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор

НУ Драмски театар, Скопје (ДТС), на 27 април, денот на роденденот на драмскиот автор Горан Стефановски, ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст кој ќе се избира по пат на јавен конкурс. Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар, и воедно се проширува заложбата на ДТС за афирмација на македонските млади автори и македонското драмско писмо.

Стефановски како млад драмски автор со драмските дела „Јане Задрогаз“ и „Диво месо“ во соработка со ДТС постигна успеси за паметење. За временската рамка во која ќе се одвива конкурсот и пропозициите од истиот, јавноста ќе биде дополнително информирана.


ДТС ќе партиципира и во Фондацијата „Горан Стефановски“ основана со одлука на УКИМ под иницијатива на Факултетот за драмски уметности. И ќе земе активно учество во реализацијата на програмските активности на истата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …