Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“, која е дел од едицијата (С)Мисла.

Во својата книга авторката отвора мошне важни и интересни прашања поврзани со културното живеење во Македонија – од архитектурата преку музиката до книжевноста и театарската и филмската уметност. На само за неа својствен начин Геориевска-Јаковлева прави ретроспективна анализа на настани и дела актуелни во минатата деценија, преку нивна историска „дисекција“ и синхрониско набљудување, со што читателот добива целосна слика за времето и просторот во коишто живееме, како и за животната култура на ова парче земја на коешто егзистираме.


Она што ја прави оваа книга вредна и интересна е што авторката избрала научно-популарен пристап кон теоретската расправа, па на тој начин нејзината истражувачка работа станува лесноразбирлива и достапна дури и за оние што речиси воопшто не се запознаени со темите од областа на културата и на културните политики.

За книгата ќе зборува и разговорот ќе го води Оливера Ќорвезироска, а ќе ја претстави проф. д-р Славчо Ковиловски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, одбележа „80 години настава на современ македонски јазик“.

Со Свечена академија која се одржа во Центарот за култура, Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од …