Ново издание на Детскиот книжевен клуб

Во Europe House Скопје, денес, со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи новото издание на Детскиот книжевен клуб со Ана Голејшка Џикова: другарството помеѓу нас и другите, нашата слобода и слободата што им ја даваме на другите.

Низ прекрасно напишаниот роман „Магла“ на Марта Палацези, ќе се запознаеме со Клеј, момче кое живее како валкан бандит, но кога ќе дојде циркусот во градот, тој има само една висока цел: да го ослободи волкот, последниот преостанат примерок во Обединетото Кралство.


Низ бунтовничката тема за слободата и ослободувањето, односот кон животните, но и луѓето околу нас, со тинејџерите од книжевниот клуб ќе пробаме да напишеме едно ново видување – како тие ја доживуваат личната слобода и што значи таа за нив.

Романот е издаден од издавачката куќа Сказнувалка, а преведен на македонски од Ирина Талевска.


Работилница е наменета за деца на возраст од 12 до 16 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …