Среќен роденден Иван Тричковски !!!

Иван Тричковски е роден на роден 18 април 1987 година во Скопје. Тој е македонски фудбалер, напаѓач на АЕК Ларнака и на македонската репрезентација.

Бил прогласен за најдобар фудбалер во македонското првенство за 2007 година и најдобар македонски фудбалер во странство за 2011 година, додека настапувал за кипарскиот клуб АПОЕЛ. Тој е активен репрезентативец на Македонија и моментално се наоѓа на осмотто место по бројот на настапи за репрезентацијата со 67 одиграни натпревари.


Тричковски ја претставувал Македонија во младите репрезентации под 17, под 19 и под 21 година. Дебитирал за сениорската репрезентација во 2010 година, во натпревар против Азербејџан, во кој исто така го постигнал и својот прв гол во црвено-жолтиот дрес. Со македонската репрезентација, учествувал на Европското првенство 2020.

Својата кариера како професионален фудбалер ја започнал во 2004 година, кога дебитирал за екипата на Вардар во Првата македонска фудбалска лига. Својот прв гол во првенството го постигнал на 9 април 2005, во поразот со 2-1 од Беласица во Струмица. Следната сезона, во своето деби во европските натпреварувања, Тричковски го постигнал својот прв гол во ремито 1-1 против албанскиот Елбасан во квалификациите за Купот на УЕФА. Тој поминал две ипол сезони со црвено-црните забележувајќи 6 лигашки погодоци.


Тричковски ја претставувал Македонија во селекциите под под 17, под 19, под 21 година и сениорската репрезентација.

За репрезентацијата под 17 години, Тричковски постигнал два гола во три настапи: против Италија на 21 септември 2003 година и Луксембург на 25 септември 2003, двата важечки за квалификациите за Европското првенство под 17 години.


Потоа тој играл и во репрезентацијата под 19 години, за која забележал 6 настапи и постигнал 3 гола против репрезентациите на Азербејџан, Ерменија и Франција. Исто така, играл и во квалифкациите за Европското првенство под 19 години 2006.

За репрезентацијата под 21 година, настапувал во периодот 2006-2008. Одиграл 9 натпревари, а единствениот гол го постигнал против Швајцарија во победата со 2-1 во квалифкациите за Европското првенство под 21 година 2009. Уште додека бил дел од репрезентацијата под 21 година, тој го добил првиот повик во сениорската репрезентација од селекторот Среќко Катанец, за пријателски натпревар против Србија во февруари 2008, но бил принуден да го откаже настапот поради повреда.

За сениорската репрезентација дебитирал на 29 мај 2010, во пријателски натпревар против Азербејџан одигран во Бишофсхофен; Македонија победила со 3-1 во тој натпревар, а првиот гол за црвено-жолтите во 8-мата минута го постигнал Тричковски. Откако погодувал само на пријателски натпревари, на 26 март 2011, Тричковски го постигнал својот прв гол за Македонија во квалификациски натпревар против Ирска во поразот со 2-1 во Даблин. На 6 септември 2018, Тричковски ја затресол мрежата на Гибралтар во новоформираното натпреварување УЕФА Лигата на нации.

Во јуни 2021, Тричковски бил повикан од селекторот Игор Ангеловски да ја претставува Македонија на Европското првенство 2020. Тој играл на сите три натпревари од групната фаза, во која црвено-жолтите и го завршиле својот настап на турнирот. Веднаш по завршувањето на Европското првенство, Тричковски се простил од репрезентативниот дрес во кој забележал 67 настапи и 7 голови.

Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на нашиот Иве.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …