Емилија Златкова Анастасова е родена на 2 мај 1982 година во Кочани. Таа е македонска писателка. Од петтата година живеела во Пробиштип, каде завршува основно и средно училиште. Завршува македонска книжевност и македонски јазик на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Плоден автор, основач на издавачката куќа „ЗБОР“ и главен уредник во истата. Моментално живее и работи во Велес.
Автор е на книгите:
- „Волшебното синџирче“ 2000 г. (роман за деца и млади),
- „Нов Ден, Нова Песна“ 2003 г. (поезија),
- „Поглед кон невидливото“ 2020 г. (збирка драми),
- „Близнаци“ 2020 г. (прв роман за возрасни),
- „Детето во снегот“ 2020 г. (раскази).
- „Неверство “ 2021 г. (роман)
- „Каде е Емили?“ 2021 г. (роман)
- „Новогодишна ноќ“ 2021 г. (роман)
- „Невообичаен Велигден“ 2022 г. (роман)
- „Одмазда“ 2022 г. (роман)
Среќен роденден Емилија ти посакува редакцијата на Екран.