Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, критичар, есеист и научен работник, универзитетски професор, теоретичар на литературата, литературен критичар, есеист, антологичар, експерт за креативна култура во односи со јавноста, менаџер на кампањи. Автор е на книги: поезија, теорија на литературата, литературна критика, есеистика, толкувања, беседи, монографии и филозофски разговори. Приредувач е на избори поезија и на антологии. Николовска е посветен афирматор на современата македонска литература и активен промотор со оригинални и незаборавни ораторски настапи пред публика.

Дипломирала, магистрирала и докторирала Филолошки факултет во Скопје, „Блаже Конески“ каде што и работи како редовен професор. Од учебната 2017/2018 проф. д-р Кристина Николовска е акутелен раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Николовска е редовен професор по Теорија на литературата, а ги предава и предметите: Реторика и стилистика, Семиологија и херменевтика, Реторика во односи со јавност, Семиологија во односи со јавноста, и Метафорика. Ги предавала и предметите: Основни теориски поими, Теорија на жанри, Методологија на книжевно¬теориските поими и други. На постдипломските студии по македонска книжевност предава: Теорија на литература, Метафорика, Херменевтика, Ars poetica херменевтика. На докторските студии по Македонска книжевност предава: Теорија на литература, Креативна: реторика, стилистика, херменевтика, семиологија. На докторските студии за културологија предава: Креативна култура во односи со јавност (реторика, стилистика, херменевтика, семиологија).


На „Семинарот за македонски јазик, литература и култура“ во Охрид повеќе години предава курс по македонска литература (2002¬2005, 2013, 2019, 2020) и курс по творечко пишување (2014). Повеќе години, сè до денес, застапена е како предавач на Семинарот. Била визитинг¬професор во Брисел (Белгија, 2004) и во Марибор (Словенија, 2005). Предавала и на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (2009–2010).

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1992, каде што од 2004 до 2006 била секретар за меѓународна соработка. Од 2014 е член на Претседателството на ДПМ. Од 2018 до 2021 е секретар за меѓународна соработка на ДПМ и член на Претседателството на ДПМ. Автор е на ТВ серијалот „Разговорница“ (2007), циклус од шест тв-емисии филозофски разговори со врвни македонски уметници. Од 2009 година Николовска е Шеф на кампањата на акцијата за пошумување: Ден на дрвото – засади ја својата иднина! Од 2018 година е член на Организацискиот одбор на меѓународната литературна манифестација „Рацинови средби“ во Велес.


Награди:

-Награда „Млада Струга“ при „Струшките вечери на поезијата“
-Награда „Караманов“ за 2020 година при „Карамановите средби“ во Радовиш
-Награда „Димитар Митрев“ за 2016 година, за литературна критика и есеј, доделена од Друштвото на писателите на Македонија
-Традиционална награда „Златен орев“, за 2018 година, за критика и есеј, доделена од Советот на манифестација Илинденски срцекази


Среќен роденден Кристина ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на романот „Победникот беше таа“ од Викторија Костадиновска

Вечерва во Збор Книжарница-кафе во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовиран првиот …