Трибина на тема „Големи Приказни од Мали Земји”

Во рамките на овогодинешното издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади „Литера“, денес со почеток во 19:00 часот во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе се одржи трибина на тема „Големи Приказни од Мали Земји” на која на која ќе се истражи колку културното наследство може да биде извор на инспирација за литературата и културното брендирање на државата.

На трибината ќе се обидеме да го истражиме значењето на културното наследство и неговата улога како извор на инспирација за пишувачи и како средство за културно брендирање на нашата земја, се вели во објавата од организаторот.


Не пропуштајте ја оваа прекрасна можност да се впуштите во разговор за културното богатство и неговата улога во литературата и културното брендирање.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Доделување на наградите „Гласник на невидливите“ за 2024

Денес во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 19:30 часот, во организација на Македонска …