ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Локалано, и тоа особено во централните, како и во источната половина од државава процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со силни и чести електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.


Во Скопје и околината исто така од пладневните часови ќе има појава на повремено пороен дожд, грмежи и засиллен ветер. Во делови од котлината можна е и појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурата на воздухот денес во Скопје ќе се искачи до околу 23 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на …