Промоција на новата песна и спот на бендот Peppermint

Во пабот Drunken Monkeys во Скопје, вечерва со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи промоција на новата песна и спот од скопскиот бенд Peppermint.

Со песната “Minna Aishiteru / みんな 愛してる ” ( мак. „Сите ги сакам“), Peppermint / Peppa Minto стануваат првиот македонски бенд кој создава авторска песна на јапонски јазик, напишана во консултација со јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу.


Во рамките на промоцијата ве очекува:

-Перформанс на неколку песни од Peppermint во живо
-Музички избор припремен од Beats of Asia
-Целовечерна промоција на јапонски пијалоци
-Свежо приготвено суши


Во изработката на музичкото видео учествуваа:

• Директор на фотографија: Стефан Рајхл
• Режија: Стефан Рајхл и Горан Трифуновски
• Костим: Марија Пупучевска и Ангела Богеска
• Монтажа: Аристид Филактов
• Сценарио: Горан Трифуновски
• Сценографија: Боби Слободан Гроздановски
• Графика: Марија Димкароска


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на истакнатиот македонски историчар на уметност и публицист Димитар Ќорнаков

Проф. д-р. Димитар Ќорнаков е роден во 1927 година во Стојаково, Гевгелиско. Тој беше македонски …