Од друга страна, цената на СМС пораките треба да биде популарна – не по цена од 40, 50 или 100 денари, туку 15 – 20 денари со цел да се добие на масовност но да се блокираат над 10. гласања, за да нема злоупореби.Од стручното жири би требало да се бара јавно гласање за време на директниот ТВ пренос. Па, секој добро нека промисли кому колку поени ќе даде бидејќи ќе биде пред судот на јавноста. Ете, наш едноставен придонес околу организацијата на изборот за песна која би не претставувала на „Песна на Евровизија 2018“. Од друга страна од учесниците на конкурсот може да се побара комплетна снимка со што драстично ќе се намалат трошоците на организацијата, но најдобрите три да бидат финансиски обештетени што би придонело за поголем интерес на авторите и изведувачите. Исто така, би требало да се најде начин како да се повикаат најдобрите изведувачи од нашата држава со што Изборот би добил на тежина.
Дали Македонија ќе учествува на „Песна на Евровизија 2018“?
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.