Интересно е зошто МРТ одлучил да учествува на годинешната детска Евровизија во ноември и ја испрати Мина Блажев во Тбилиси, Грузија, а сеуште нема соопштено никакви информации околу начинот за избор на песната со која ќе се претставиме во Лисабон што е традиција од 1956 година.
Од регионот единствено Босна и Херцеговина нема пројавено интерес за ова музичко натпреварување па најверојатно нема да учествува на Евровизија.Во Србија после подолго време одлучено е нивниот претставник да се избира на „Беовизија“, од каде се појавија хитовите на Жељко Јоксимовиќ во 2004. и победата на Марија Шерифовиќ во 2007.Дури и познатиот хрватски избор „Дора“ се најавува дека после подолго време ХРТ размислува да го врати во Опатија.
Грција побарала од музичките компании да испратат свои предлози за потенцијални учесници.
Дали Македонија ќе учествува на „Песна на Евровизија 2018“?
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.