Секако, дека треба да испратиме песна од која нема да се срамиме ниту пак отпосле ќе дискутираме дали требало да оди или пак не.
Време е МРТ конечно овој избор да го сфати сериозни и да му пристапи од тој аспект. Треба да кажеме збогум на досегашнте состојби кога се избираше изведувач и се правеа песни па потоа од МРТ ги избираа.
На „Песна на Евровизија“ се претствува една држава и поради тоа изборот на песната треба да биде транспарентен и добро осмислен.Може да се организира и’ фестивал на кој ќе се избира не само преку телевоутингот туку и со помош на стручно жири. Фестивалот би требало со недели да биде претставуван на каналот на МРТ,во специјални емисии кои ќе претставуваат по неколку учесници,а кои ќе помогнат публиката да се запознае со нумерите но и подготви за финалното гласање.
Дали Македонија ќе учествува на „Песна на Евровизија 2018“?
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.