Дали Македонија ќе учествува на „Песна на Евровизија 2018“?

Слабите резултати не треба да се причина да не учествуваме. Веќе подолго време Албанија, Црна Гора, Швајцарија и Словенија не можат да влезат во финале, па сепак прават обиди нешто да сменат или едноставно учествуваат и сметаат дека треба да се присутни на овој музички натпревар. Годинешниот победник Португалија со години не влегуваше во финале и никогаш немале топ 5 пласман, но минатата година победија и ја освоија Европа. И други земји како Финска, Исланд, Холандија, Белгија не секогаш влегуваат во финале, а земјите победнички како Латвија во 14. години, 7. пати не биле во финале, а Естонија дури 9. пати. Бугарија пак е класичен пример на земја која немаше успех за влез во финале и од 2004. година само еднаш биле во финале, но затоа во 2016. година беа 4.ти, а оваа година во Украина завршија на 2. место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Песните на Тоше Проески” – Интернационален натпревар во пеење

Вечерва во Националната Oпера и Балет во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се …