Деновиве во македонскиот медиумски простор беше објавен напис кој „тврди“ дека Македонија нема да учествува на Евросонг наредната година со тврдење дека пријавувањето е завршено. Иако, термините на Евровизија се многу цврсти и се неменливи, сепак се чини дека медиумот не ги прегледал убаво сите информации за музичкиот натпревар кој ќе се одржува во мај 2018 во Лисабон, Португалија.
И беспотребно си направил деструктивна реклама бидејќи тврдењето им падна во вода со посета на официјалната страна на Евровизија 2018 каде убаво пишува како стојат работите.
Меѓу 42. земји кои пројавиле интерес за учество на „Песна на Евровизија 2018“
е и’ Македонија. Втората важна информација е дека секоја земја треба до крајот на 2017. година да го потврди или негира своето учество.