(ВИДЕО+ФОТО) ЖИВОТОТ НЕ Е БАЈКА – КАКО ПОЧИНАЛА СОПРУГАТА НА ЏОН ТРАВОЛТА: Имала само 57. години и никој не знаел за ОВА!

Тој додал дека во моментов најмногу се фокусира на децата што ги имал со Кели, 21-годишната Ела и 10-годишниот Бен, а парот го имал и синот Џет, кој починал во 2009. година кога имал само 16. години.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)


„Јас ќе им ја обезбедам иднината на моите деца и ќе им помогнам во животот да го прават она што го сакаат. Јас го правам тоа сега со Ела и нејзините филмови, ја учам сè во таа професија. Бен е едвај десет години и сакам да му помогнам да израсне затоа што му претстои живот“, објаснил актерот.
Тој исто така призна дека неговото искуство со славата на некој начин му помогнало подобро да се прилагоди на пандемијата на коронавирусот, објаснувајќи дека како холивудска sвезда, понекогаш морал да живее како во затворена морска школка.
Тажната вест за смртта на неговата сопруга ја објави на Инстаграм, минатиот јули.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

„Со тешко срце ве известувам дека мојата убава сопруга Кели ја изгуби двегодишната битка со ракот на дојка. Јас и моето семејство засекогаш ќе бидеме благодарни на лекарите и медицинскиот персонал, на сите што помогнаа, многу пријатели и најблиските кои беа со неа. Љубовта и животот на Кели ќе останат незаборавни“, напиша тогаш Џон и ја шокираше јавноста затоа што само луѓето блиски до нив знаеја за болеста на Кели, која имала само 57 години во време на нејзината смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Џон и Кели се запознале во 1989. година за време на снимањето на филм, а тие отишле пред олтар две години подоцна. Тие беа едни од оние парови кои кај многумина предизвикаа зракче на љубомора со секое појавување во јавноста. Тие се сакаа многу години а во љубовта не ги поколебаа ниту бројните трагедии.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …