(ФОТО) На повидок помирување: Џеј Ло видена со бившиот во ресторан

Пејачката и актерка Џенифер Лопез и поранешната безбол sвезда на Њујорк Јенкис, Алекс Родригез, ја откажаа свршувачката затоа што, како што велат, „подобро функционираат како пријатели“. Тие така го потврдија раскинувањето, иако до неодамна тврдеа дека нивната четиригодишна врска не е во криза. Сепак, тие неодамна биле видени заедно во еден ресторан, каде се сретнале и се заљубиле по прв пат.
Само десет дена по објавувањето на раскинувањето, актерката и спортист вечерале на романтично место. Според извори на странски медиуми, тие се однесувале како да се уште заедно, но не се бакнувале во јавност.
Џенифер и Алекс неодамна изјавија дека таа и нејзиниот поранешен партнер функционираат подобро како пријатели и дека по раскинувањето останале во добри односи.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


„Сфативме дека подобро функционираме како пријатели и со нетрпение очекуваме тоа и да останеме“, рекле Лопез и Родригез во заедничката изјава.
„Ние ќе продолжиме да работиме заедно и ќе се поддржуваме еден со друг и нашите заеднички работи и проекти“, додале.
Еден од најпознатите славни парови во Соединетите држави, наречен J-Род во медиумите, ветил дека ќе молчи за раскинувањето, поради почит кон нивните деца од претходните врски.
„Еден на друг си посакуваме се најдобро, како и на децата од претходните врски. Од почит кон нив, единствениот коментар што го имаме е благодарност до секој што испрати љубезни зборови на поддршка “, рекле Лопез и Родригез.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Во март, тие ги негираа извештаите во медиумите дека не се согласуваат, велејќи дека „работат на некои работи“.
Во тоа време, еден портал посветен на познатите личности, TMZ и неколку други портали за вести за забава цитираа неидентификувани извори блиски до парот дека тие ја откажале веридбата.
Родригез и пејачката на хитот „Love Don’t Cost a Thing“, која пееше на инаугурацијата на американскиот претседател Бајден во јануари, започнаа да се забавуваат на почетокот на 2017. година, а се верија во март 2019. година.
На крајот на минатата година, Лопез рече дека двапати ја одложувале венчавката поради пандемијата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …