Меѓународeн ден за вдомување на куче од прифатилиште

Со цел подигнување на свеста за вдомување на бездомни кучиња на 29 април прифатилиштето на ЈП Лајка организира ОТВОРЕН ДЕН за љубителите на кучиња.

Сите оние кои сакааат да придонесат волонтерски за подобрување на благосостојбата на бездомните кучиња можат да испратат меил на volontiraj@lajka.com.mk и да бидат дел од отворениот ден, кој го организираме еден ден порано поради празничниот продолжен викенд.


Одбележувајќи го овој ден ги охрабруваме сите заинтересирани граѓани кои размислуваат да вдомат миленик, да вдомат некое од прекрасните бездомни кучиња кои се згрижени во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА. Воедно им се заблагодаруваме и на граѓаните кои веќе вдомија и го избраа својот најдобар другар токму од Лајка.


Вдомувањето на куче не само што го спасува неговиот живот, туку ги подобрува сопственото психофизичко здравје и среќа

Со вашето хуманo дело придонувате за намалување на популацијата на бездомни кучиња на територија на град Скопје. Секое вдомено куче, значи едно куче помалку на улица


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …