Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија на Елеонора Венинова. Проекцијата ќе се одржи во киното Киноверзум – Дом на култура „Билјана Беличанец“, вечерва со почеток во 20:00 часот.

Снимен во еден кадар, филмот ја раскажува приказната за едно девојче кое низ разговор со нејзиниот соговорник се обидува да дознае што се случило со баба ѝ.


Филмот ја имаше светската премиера на престижниот Интернационален филмски фестивал во Леувен, Белгија, американската премиера на SEEfest во Лос Анџелес, а во следниот период следува и премиера на филмот во Шпанија.

Главни улоги: Билјана Драгичевиќ, Надиа Кирковска
Режисерка и Сценаристка: Елеонора Венинова
Кинематографер: Фејми Даут
Монтажер: Гоце Кралевски
Композиторка: Мартина Силјановска
Дизајнер на звук: Дарко Спасовски
Сценгорафка: Александра Петковска
Костимографка: Жаклина Крстевска
Шминкерка: Ирена Сенокозлиоска
Продуценти: Гоце Кралевски, Елеонора Венинова
Филмот е продуциран од ТРИ ТОЧКИ Продукција во соработка со ДНФ Филмс и поддршка на Вардар Филм. Финансиран е од Агенцијата за филм на Р. Македонија.


Влезот е бесплатен, но потребна е претходна резервација на билет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …