(ВИДЕО+ФОТО) ТРАГЕДИЈА ВО РЕАЛНО ШОУ: Пред камерите и кажале дека има рак!

„Немав поим дека го снимаат разговорот. Се почувствував ужасно осамено бидејќи бев последна која ја дозна дијагнозата и само сакав некој да ме прегрне“, рекла…

Сите кои се пријавуваат во реалното шоу „Големиот брат“, псоледно што очекуваат е дека таму некој ќе им соопшти дека се болни од рак. Токму тоа и се случило на една од првите познати реални ѕвезди во Велика Британија. Таа во 2009. година починала од рак на вратот на матката, а шокантната вест дека е болна ја дознала вториот ден од учествувањето во индиската верзија на „Големиот брат“.
Погледнете го видеото:


Веста и ја соопштила во „собата за исповедување“, а снимката на која телефонски дознава дека е болна од смртоносна болест е пуштена во таа епизода на шоуто. Десет години после нејзината смрт се појавил документарецот „Jade: The Reality Star Who Changed Britain’, во кое се наоѓа тоа видео, а Британците се шокирани со фактот дека се’ е снимено и емитувано на телевизија. Џејд подоцна признала дека во моментот кога дознава за болеста не знаела дека се снима и дека ќе ја видат и слушнат во цела Индија.


„Немав поим дека го снимаат разговорот. Тоа едноставно не беше во ред. Се чувствував страшно осамено бидејќи бев последна која ја дознала дијагнозата и само сакав некој да ме прегрне“, рекла.


Џејд се одлучила на учество во индискиот „Голем брат“ откако ја обвиниле дека имала расистички коментари кон колешка од шоуто, Индијката Шилпе Шети. Сепак, кога се дознало дека е болна, се вратила дома. Бидејќи болеста и била откриена премногу доцна, ракот се проширил на дебелото црево, џрниот дроб и репродуктивните органи, а не и помогнале ниту хемотерапијата и зрачењето. Поради тоа Џејд до смрт продолжила да снима реални шоуа за да финансиски ги обезбеди двајцата синови,денес 15. годишниот Боби и 14. годишниот Фреди.

Откако починала, на 27. години, за нејзините синови продолжил да се грижи нејзиниот татко Џеф Бразиер. Со оглед на тоа дека Џејд својата приказна за болеста продолжила јавно да ја споделува, луѓето ја ценеле и и давале подршка. Исто така, нејзината тешка приказна го поттикнала Државниот завод за здравство на ревизија на националната програма за задолжителните гинеколошки прегледи.

Инаку, Џејд не била омилена за време на учествувањето во реалното шоу. Ги озборувала состанарите, често се опивала и соблекувала, а откако гледачите со своите гласови ја елиминирале од шоуто, била прогласена за „најомразена жена во Британија“. Откако случајот се проширил, медицинските статистики забележале пораст на превентивни гинеколошки прегледи. Така целиот феномен по неа и’ го добил името – ефект Џоди Гуди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Пелагија Тарсиска

Светата маченичка Пелагија Тарсиска Родена е во градот Тарс, од родители незнабожци, но богати и …