(ФОТО) ЕМОТИВНА ПРИКАЗНА КОЈА ГО РАСПЛАКАЛА СВЕТОТ – И ЈА ИСПОЛНИЛА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА БАБА И:„Знаев дека ја гледам по последен пат!“

Бабата на Тара Фоли од Флорида, 102. годишната Стасиа, живеела во дом за стари лица и скеој ден се молела да поживее уште малку за да сведочи на свадбата на својата внука
Венчавката на Тара Фоли се случило во јуни во тексас, но нејзината баба немала среќа да го доживее тој ден. Починала пред венчавката на својата внука. Но, Тара за својата баба направила нешто со што растопила милиони срца.
Еден ден одлучила да ја изненади својата баба на која поради влоѓеното здравје и болното срце не и било препорачано летање.
Додека нејзината баба уште била жива, во домот за стари лица пристигнала во венчаница.


Gepostet von Tara Foley am Donnerstag, 13. Juni 2019

Во потполна тајност отишла кај својата баба а со себе ја повела и локалната фотографка која го овековечила емотивниот момент на средба на внуката и бабата и направила фготографии нас кои сега плаче цел свет.
Бабата не можела да верува, а смеа и солзи се испреплетувале на нејзиното лице.
„Истиот момент кога ме виде ги рашири рацете за прегратка и ми рече дека сум прекрасна. Се смеевме и уживавме во секоја секунда“, се присетила внуката на емотивното дружење со баба си во јануари.


Gepostet von Tara Foley am Donnerstag, 13. Juni 2019


Тара фотографиите со баба и ги објавила на фејсбук а тие и понатаму кружат по социјалните мрежи и досега собрале повеќе од 1,7 милиони лајкови.
„Кога тој ден и посакав лека ноќ и двете знаевме дека тоа е последен пат што се гледаме. Со рацете ме фати за образите, ме погледна директно во очи и ми кажа колку ме сака. Почина 27. дена подоцна“, рекла Тара Фоли.
„Знаев дека морам кај неа да одам во венчаница за да ме види и да се почувствува вклучена во мојот посебен ден. Многу сум благословена што ова ми е последното сеќавање на неа“, заклучила Фоли.
Пред венчавката младенката го изненадила семејството откривајќи им ги фотографиите со саканата баба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот праведен и многустрадален Јов

Светиот праведен и многустрадален Јов Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во …