(ВИДЕО+ФОТО) Со години се борел со депресија па самиот си пресудил на 29. години! Ни остави големи хитови!

Тој се вратил на лекување во болница повторно во 2013. година и го советувале да оди на операција, што тој го одбил и продолжил со турнејата. Сепак, во 2014. година, неговата состојба одеднаш се влошила и тој сепак отишол на операција.
По сите здравствени проблеми, во 2015. година, тој објави дека се повлекува од музиката, велејќи: „Јас морав да го сторам тоа поради моето здравје. Сцената не е за мене“.


И тогаш веста, во 2017. година, дека починал, ги шокираше сите.
Семејството на покојниот Тим ​​издаде изјава во која открива дека „повеќе не можел да издржи“.
“Нашиот сакан Тим беше трагач, нежна уметничка душа што бараше одговори на егзистенцијални прашања. Перфекционист кој успеа над сите очекувања и кој го обиколи светот работејќи додека не се исцрпи целосно. Кога престана да настапува, тој сакаше да најде начин да го избалансира неговиот живот – да биде среќен и да прави музика. Но, тој се бореше со тешки мисли. За животот, смислата, среќата. Тој не можеше повеќе”, се велеше во соопштението на семејството.


„Тој сакаше да најде мир. Тим не беше создаден за оваа деловна машина во која се најде. Тој беше чувствително момче кое ги сакаше своите обожаватели, но сакаше да се оддалечи од јавниот живот“.


„ТИЕ ЗНАЕЛЕ…“

Претходно, јавноста се сомневаше дека „разузданиот живот“ е виновен за трагичниот крај на младиот уметник, здравствените проблеми што го мачеа со години и поради кои тој се повлече од јавниот живот беа доволни за да се шпекулира со јавноста.
И тогаш снимките од истиот документарец стигнаа на Интернет, во кои Авичи вели „тие знаеја дека ќе умрам и не им беше гајле“.
Авичи беше истоштен, како што покажаа снимките од документарниот филм во кој ги гледаме менаџерите кои го принудуваат да настапува и кои се обиделе да го убедат да не се повлекува од јавниот живот, туку да започне нова турнеја.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …