Васил Хаџиманов со емотивна објава се прости од својот татко!

Единствениот наследник на Зафир Хаџиманов, познатиот џез-пијанист и композитор Васил Хаџиманов на Фејсбук се прости од својот татко, кој почина од последици од Ковид 19.
Единственото дете на Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ со емотивно обраќање им се заблагодари на сите кои се простија од легендарниот македонскиот уметник кој почина во саботата.
„Денеска почина мојот татко Зафир. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа ужасна болест. Позади себе остави вистинското богатство, од песните што така мајсторски лесно ги интерпретираше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, книги поезија и проза, па се’ до неповторливите улоги во театар и на филм. Но, пред и над сè, на своето семејство и на најблиските секогаш несебично им ја даваше својата неизмерна љубов, внимание и поддршка. Сенка и он беа едни од најталентираните и најубавите двојки во историјата на овие простори. Ненадминливи. Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде во секоја ситуација и да остане на нозе, енергијата, се’ што работеше секогаш го правеше тоа со целото свое битие, а притоа и истовремено да биде врвен шмекер. Тоа мора да се памети. Да се памети и да се почитува! Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш!“, напиша Васил на Фејсбук.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …