СЛАВИЦА КУПЕНКОВА НА СТРИП ФЕСТИВАЛ ВО СОМБОР,СРБИЈА

На покана на клубот на љубители на стрипови од Сомбор ,меѓу гостите на традиционалниот 9 ти интернационален фестивал на стрип и фантастика е поканета и Славица Купенкова од Скопје .Фестивалот ќе се одржи од 17 до 19 мај во просториите на Унгарското граѓанско казино

Иако нејзиниот период за бавење со 9 та уметност датира од 2021 , за тој кус период нејзиниот талент и професионалност бргу доаѓаат до израз.Меѓу другото


· На 18-ти, Меѓународен салон на стрип „Велес 2021″,Купенкова е добитник на наградата – Најдобар дебитантски стрип за стрипот „Училишни авантури на Јан” каде се јавува како целосен автор – карикатурист по свое сценарио.

· • Во 2022 година е една од финалистите на Меѓународниот натпревар на историски стрипови CAN FOR BALKANS-„Може за Балкан”, кој се одржа во периодот од март до јули 2022 година, Купенкова е добитник на едно од петте специјални признанија доделени од меѓународното жири за стрипот „Одисеја”


· Во 2022 година е цртач на наменски стрип на каталог на стрипови како дел од грантот –

„За нашите соседи и пријател” –преку РОМАЛИТИКО Скопје финансиран од страна на УСАИД. Како дел од истиот проект член е на жири комисијата по повод конкурсот за ученици -објавен од Стрип Центарот на Македонија – Велес.


Мегувремено , најдиректно се вклучува во Македонскиот стрип центар ,како дел од организациониот тим , но и во групацијата на стрип автори којашто редовно го пропагира македонскиот стрип на разни конкурси и фестивали во Балканот и пошироко. Стриповите ги црта под сценарија на велешанецот Ѓоре Гелев.

Како што ни изјави таа, нејзе и е посебно драго што ќе биде во контакт со разни афирмирани стрип имиња од регионот. Својата получасовна промоција но и неформалните контакти таа ќе ги искористи за натамошно развивање на мегународни стрип мостови .Тука секако спаѓа и меѓународниот стрип салон „ ВЕЛЕС 2024″ како најзначајна стрип манифестација кај нас којашто оваа година ќе се организира на крај од август во Велес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОЧНУВА 10. ИЗДАНИЕ НА СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ: ГРУПНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ЗА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ, НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ЗБИГЊЕВ ПРАЈСНЕР, ФИЛМОВИ ЗА САНТАНА, БЕЈКЕР И СТРАМЕР

Со изложба на концертни фотографии како и архивски материјали, насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“ која …